Француската Лига 1 му одговори на Роналдо

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Официјалната сметка на француската Лига 1 не му остана должна на Кристијано Роналдо за неговите зборови на церемонијата на доделувањето на Глоуб Сокер наградите во Дубаи пред неколку дена.

Како што е познато, Португалецот таму рече: „Многу јасно, првенството на Саудиска Арабија е подобро првенство од француската Лига 1. Се разбира, тоа е мое мислење. Не го велам тоа затоа што играм таму. Не ми е гајле што мислат луѓето, но треба да одат таму и да играат за да се уверат сами. Трчајте на 38, 39 или 40 степени и направете неколку спринтови за да видите како ќе се чувствувате. Нека се преселат таму и ќе видат. Не ми верувајте за збор, одете и уверете се. Сè во Франција е ПСЖ. Останатото е готово. Тоа е мое мислење и не ми е гајле што ќе кажат. Француската лига е само ПСЖ, извинете. Останатите се натпреваруваат, во ред, но ПСЖ е најсилен“.

Како одговор на ова, официјалниот X профил на Лига 1 на шпански јазик одговори на зборовите на Португалецот со слика од неговиот голем ривал Лионел Меси со титулата на Светското првенство во Катар 2022 година. Публикацијата е придружена со зборовите: „Лео Меси игра на 38 степени“, како и емотиконот коза (GOAT – се користи за „најдобриот на сите времиња“ – н.з.).

Под самото издание се појави жесток спор, приврзаниците на Роналдо потсетија дека Аргентина стана светски првак токму против Франција и потсетија на пеналите што им беа доделени на „гаучосите“ на Мундијалот во Катар.

Слични содржини