Втор осомничен кој веројатно го возел автомобилот-бомба, што експлодира во фабриката за гас во Сен Кантен Фалавие, е уапсен, изјавија француски претставници.
Нападот бил извршен од 35-годишен маж со име Јасин Сали, изјави францускиот министер за надворешни работи Бернар Казенев.
Напаѓачот бил познат на специјалните служби, кои го поврзувале со салафистички кругови, но не бил уапсен во злосторство. Фигурирал во базата на податоци на разузнавањето како радикализирано лице, но немал судско досие, додаде Казенев.
Тој успеал да убие и да обезглави едно лице, да повреди двајца и да ги крене во воздух плинските боци, складирани во фабриката.
Во моментов се идентификува телото со отсечена глава, изјави Казенев.
Претходно француската полиција објави дека е уапсен еден човек, осомничен дека го извршил нападот. Според француски медиуми тој бил познат на полицијата. Сега е испрашуван, но се тврди дека одбивал да сведочи.
Француската полиција трага по втор маж, осомничен дека има врска со нападот, пренесоа агенциите, повикувајќи се на локалните медиуми.
Полициски хеликоптер лета над реонот на фабриката Ер Продуктс во Сен Канто Фалавие. Се претпоставува дека бараниот втор човек се наоѓа во границите на претпријатието.
Според последните податоци, едно лице загина, а двајца луѓе биле повредени во нападот, насочен против фабриката за индустриски гасови Ер Продкст во Сен Канто Фалавие, наведува Франс прес.
Францускиот премиер Мануел Валц нареди да се затегнат мерките за безбедност околу сите чувствителни објекти во реонот на Лион, дополнува Франс прес. Таму има многу индустриски објекти.