Француската полиција заплени два тона кокаин: Вредноста на дрогата е 130 милиони евра

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Француската полиција во саботата објави дека запленила повеќе од два тона кокаин со проценета вредност од 130 милиони евра во пристаништето Авр на северозападот на земјата, јавуваат француските медиуми.

Во акцијата уапсени се камионџијата и пристанишниот работник кои учествувале во шверцот, а им се заканува казна затвор до 30 години. Пристаништето Авр со години е една од најважните порти за шверц на кокаин во Франција.

Министерот за внатрешни работи Бруно Ретају и честиташе на полицијата за успехот, додека властите наведуваат дека ова е рекордна заплена на кокаин.

„Од ден на ден ја засилуваме нашата војна против шверцот со дрога, благодарение на исклучителната работа на нашите агенти“, напиша Ретају на социјалната мрежа Икс.

Франција и другите европски влади се обидуваат да ги разбијат бандите за шверц на дрога и смртоносните судири меѓу нарко бандите.

Минатата година, Европската унија започна акција со европските пристанишни власти за борба против шверцот на дрога во поголемите пристанишни градови.

Слични содржини