На уникатен начин познатиот француски новинар Тиери Мејси ја поврза фигурата на бугарскиот премиер Бојко Борисов со шверц на оружје и дрога во насока на најкризните региони во Блискиот Исток и Африка.
Според Мејси кој ја има објавено својата гледна точка во Voltairenet.org, Борисов е зависен од ЦИА поради т.н. досие “Буда”. Што е досието “Буда”!? – ова е врбувањето на Бојко Борисов во 90-тите години на минатиот век од ЦСБОП поради контактите на веќе поранешниот бугарски премиер со “оперативно интересни лица”. Документот е изготвен во почетокот на “Виденовата зима”, а врбувач на Борисов е Младен Георгиев. Потоа Георгиев станува вработен во “Ипон” – фирма на Бојко Борисов.
Геополитичкиот пресврт или 5 трендови кои ќе го променат светот во 2016
Францускиот новинар тврди дека ЦИА му платила 500 милиони долари на Борисов, за да може Бугарија да изнесе 18 800 РПГ-а и 700 противтенковски ракетни лансери за Сирија. Потсетуваме дека сеуште нема официјален заклучок на обвинителството во врска со инцидентот во Анево, при кој загина американскиот државјанин Френсис Норвило. Според информациите на американскиот медиум BuzzFeed, Норвило дошол во Бугарија, за да купи оружје и муниција за веќе запрената петта програма на Пентагон за вооружување и обука на “умерената сириска опозиција”, која беше во вредност од 500 милиони долари.
Мејси вели и дека нападот на аеродромот “Сарафово”, при што загинаа неколку израелски туристи, се случил откако “Хезболах” прати тим во Бугарија, да ги истражува каналите за извоз на оружје за Сирија – каде сега командува “Исламска држава “, која произлезе од гранка на” Ал Каеда “. Цитиран е полковник Љубомир Димитров, кој во времето на нападот во “Сарафово” е шеф на одделот “Операции” во командата на копнените сили. Според Димитров Мохамед Хасан Ел Хусеин, кој беше идентификуван како фактички бомбаш, всушност само ја пренесувал бомбата и таа е подметната далечински. Мејси смета дека токму тоа мислење најјасно покажува како со атентатот е помогнаата на американската позиција- “Хезболах” да биде прогласена за терористичка организација од страна на ЕУ.
Од крајот на 2014 година ЦИА престана да порачува оружје од Бугарија за Сирија и веќе почнаа испораки за Саудиска Арабија, вели уште Мејси. Тој е познат по цврстата негација на официјалната позиција за нападите на 11 септември во САД. Мејси живее во Дамаск и работи за руското списание “Однако”.
