Францускиот амбасадор за резолуциите: Гласањето на Македонија во ОН беше неочекувано

од Nikola Popovski
338 прегледи

Францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер смета дека одлуката на Македонија да гласа „воздржано“ за двете резолуции во ОН за војната во Украина, а притоа да биде коспонзор на американската, е во најмала рака неочекувана.

-Навистина со прст посочувате важна тема со гласањето на Македонија во Њујорк кое за нас беше неочекувано. мислам дека треба да се концентираме на темата која што е важна. Постои неопходност за излегување од конфликтот во Украина, но, има и поважна тема, а тоа е вредноста која денес ја даваме во Европа кон територијалниот интегритет, почит на сувереноста, империјализам на еден сосед кон друг до тој степен што се негира неговото постоење, идентитет и јазик и тоа е тема која што бара единствен и обединет европски одговор. Целта на европската дипломатија е токму да се одржи таа унитарност и да се има ист и заеднички пристап кој ќе безбедност за европскиот континент за наредните години за нас и нашите деца, рече Ле Риголер на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод презентација на програмата за годинашното одбележување на Франкофонијата.

Владата одлучи дека Македонија треба да гласа „воздржано“ при двете гласања – американската резолуција и на европско-украинската резолуција за војната во Украина.

Слични содржини