Францускиот премиер предлага да се укинат два национални празника

Претставувајќи го буџетот за 2026 година, Бајру вчера рече дека Велики понеделник и 8 мај, кога Франција го одбележува Денот на победата во Втората светска војна, би можеле да станат работни денови.

од desk2
20 прегледи Image by mguzmas from Pixabay

Во обид да се намали државниот долг, францускиот премиер Франсоа Бајру предложи да се укинат два национални празници, како мерка за намалување на растечкиот дефицит на Франција и стимулирање на економијата, за да се избегне должничка пропаст, јавија француските медиуми.

Претставувајќи го буџетот за 2026 година, Бајру вчера рече дека Велики понеделник и 8 мај, кога Франција го одбележува Денот на победата во Втората светска војна, би можеле да станат работни денови.

Нацијата треба да работи повеќе, за да се зголеми активноста на земјата во целост и да се подобри положбата на Франција. Секој треба да даде свој придонес во тој напор“, рече премиерот.

Неговата идеја, сепак, беше отфрлена од опозициските партии, а на Бајру му е неопходна нивната поддршка за да се изгласа буџетот.

Франција има буџетски дефицит од 5,8% од БДП, како и јавен долг од 3,3 трилиони евра.