28
Францускиот суд му го продолжи притворот на основачот на Телеграм, Павел Дуров, кој беше уапсен во саботата на парискиот аеродром поради наводни прекршувања поврзани со апликацијата Телеграм.
Истражниот судија задолжен за случајот во неделата му го продолжи притворот на Дуров (39), а истиот може да трае најмногу 96 часа, изјави извор близок до истрагата, а пренесува Гардијан.
Кога ќе заврши таа фаза на притвор, судијата може да одлучи да го ослободи Дуров или да поднесе тужба и да одреди натамошен притвор.