Французите во страв поради мечот со Мароко: Дури 10.000 полицајци ќе го одржуваат редот на улиците

од Nikola Popovski

Франција стравува од навивачки судири и нереди кои би можеле да следат на нејзина територија по полуфиналниот натпревар на Светското првенство во Катар меѓу Франција и Мароко.

Министерот за полиција Џералд Дарманен затоа најави дека прославата на победничкиот тим по натпреварот ќе ја обезбедуваат десет илјади полицајци низ целата земја, од кои пет илјади ќе бидат во Париз. На Елисејските полиња ќе има 1.200 чувари.

Исто така, за сообраќај ќе биде затворен дел од обиколницата околу Париз што води до Елисејските полиња, како и неколку станици на градската и приградската железница во француската престолнина.

Повеќе од 800.000 Мароканци официјално живеат во Франција, но се проценува дека може да има дури 1,3 милиони. Тие веќе беа во Париз и другите европски градови каде ги славеа победите на својата селекција во претходниот дел од Светското првенство, а во одредени моменти имаше и судири со силите на редот и законот.

Досега имаше запалени автомобили и уништен имот на Шанзелизе, а тензии со полицијата и немири во Ница, Брисел…

Француските власти стравуваат за безбедноста, особено сега, бидејќи во елиминацискиот дел од натпреварувањето директно се среќаваат Франција и Мароко.

Слични содржини