Французите отворија истрага против Килијан Мбапе за наводни лажни плаќања! Државното обвинителство започна истрага за потенцијално сомнителни плаќања што францускиот голгетер и член на Реал Мадрид им ги дал на пет полицајци задолжени за безбедноста на француската репрезентација.
Истрагата беше започната по дојава од единицата за борба против перење пари, која извести дека имало необични финансиски трансакции во корист на пет полицајци.
„Истрагата е во тек. Поради сложената природа на финансиските трансакции, потребно е дополнително да се утврди дали се извршени кривични дела“, објави обвинителството.
Мбапе наводно платил нешто повеќе од 180.000 евра „на црно“ за приватни услуги. Набрзо пристигна соопштение од неговиот тим, во кое се наведува дека сè е направено во согласност со правилата.
Тие додаваат дека Мбапе отсекогаш ги донирал своите бонуси што ги добивал за учество во дресот на Франција, а тоа го сторил и по СП 2022 кога парите отишле во хуманитарни организации и безбедносниот персонал што ја придружувал репрезентацијата.