„Би било стратешка грешка Балканот да заостанува во процесот на европска интеграција. Ова е продолжение на политиката што ја водеше Бугарија за време на нејзиното претседателство со Советот на ЕУ“, изјави за БНР амбасадорот на Словенија во Бугарија, Анџеј Франгеш. Тој појасни дека еден од приоритетите на словенечкото претседателство е да се фокусира на европската перспектива на Западен Балкан:
„Ние би сакале да им помогнеме да ги обноват своите економии по кризата, да го поддржат производството во земјите и врските помеѓу Западен Балкан и ЕУ“.
Според амбасадорот Франгеш, двете земји имаат различни ставови за проширувањето на ЕУ – како и кога да се стори тоа, но истакнаа дека е многу важно да се поддржи овој процес:
„Бидејќи процесот носи промени во земјите. Не станува збор да се каже дека една земја ќе се придружи утре, но прашање е сите да знаат дека ја имаат оваа перспектива, не е важно кога ќе се приклучат, реформите мора да продолжат и кога ќе завршат, тогаш тие ќе станат дел од ЕУ. За нас е многу важно да го поддржиме овој процес и токму тоа ќе го сториме“.
Франгеш истакна дека сите во ЕУ се партнер на Словенија и сите се еднакви.
„Две од земјите на Западен Балкан веќе преговараат, за две целата ЕУ работи да започне преговори, тие имаат прашања што треба да се решат пред да започнат преговорите. Ние го поддржуваме процесот“, објасни дипломатот.
Во програмата „Сабота 150“, амбасадорот на Словенија го коментираше и ставот на Бугарија во однос на Северна Македонија и европската перспектива пред неа.
„Бугарија е една од членките на ЕУ и е наш партнер, треба да ја разбереме позицијата на Бугарија. Од друга страна, треба да го придвижиме процесот на интеграција на Западен Балкан. ЕУ има обврски во врска со ова. … Она што можеме да го направиме е да се обидеме да го поддржиме дијалогот и да видиме како двете земји можат да одат заедно во иста насока и каде работите треба да се решат во европски контекст. За што мора да се одлучи на ниво на Европската унија“.
Дипломатот рече дека Словенија, како претседавач на Советот на ЕУ, може само да го поддржи овој процес, но тоа е единственото нешто што може да го стори.