Франција: „АстраЗенека“ најверојатно само за постари од 55 години

од Stefanija Kuzmanovska

Кампањата за вакцинација со „АстраЗенека“ во Франција „веројатно“ нема да се прошири на помлади од 55 години, изјави денеска министерот за здравство Оливие Веран.

Во средината на март, француските здравствени власти ја ограничија употребата на вакцината против коронавирус на „АстраЗенека“ на оние над 55 години, поради ретки случаи на атипична тромбоза и нарушувања на коагулацијата.

На телевизија запрашан дали владата размислува да ја прошири употребата на вакцината на оние под 55 години, Веран одговори: „Веројатно не во овој момент“.

Францускиот министер исто така рече дека чека одговор од Националната здравствена управа (ХАС) за можноста да им се овозможи на сите, без оглед на возраста, да се вакцинираат со „АстраЗенека“, со потпишување на документ за одрекување од одговорност.

Слични содржини