Франција бара багетот да биде вклучен во културното наследство на УНЕСКО

од Nikola Popovski

Франција го номинирала занаетот за правење ваков вид леб на списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

За разлика од списокот на места со светско наследство, целта на оваа листа е да се зачуваат традициите, знаењето и занаетите, за да не паѓаат во заборав со текот на времето.

Секоја година во Франција се јадат околу 10 милиони багети.

Од 1970 година, околу 20.000 пекари се затворени во оваа земја, бидејќи клиентите се свртиле кон супермаркетите, каде што обично може да купите багет што не се прави според традиционален рецепт.

Француските пекари се надеваат дека воведувањето на нивниот занает на списокот на УНЕСКО ќе помогне да се пренесе оваа традиција за печење на идните генерации, но и да се заштитат багетите од плагијаторство, бидејќи ќе се спречи употребата на името за слични производи.

„Тоа ќе ги смири пекарите и ќе ги охрабри помладите генерации“, реколМишел Редел, сопственик на осум пекари.

Постои загриженост дека занаетот за правење багети може да се изгуби затоа што се поголем број пекари се истиснуваат од понудата во супермаркетите, пренесува Би-Би-Си.

„Првата задача што ја добиваат француските деца е да одат наутро да купат багета во пекарницата“, вели претседателот на федерацијата за пекари, Доминик Анракт.

Багетот се избори за национална номинација против поцинкуваните покриви на Париз и фестивалот на виното што се одржа во Арбоа.

Иранскиот варварски леб е веќе на оваа листа на УНЕСКО, како и неаполската уметност за правење подлога за пица со вртење на тестото во воздухот.

Слични содржини