Франција бележи пораст на смртни случаи од „КОВИД-19“ пред првата фаза на отворање

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Во Франција бројот на дневни смртни случаи од „КОВИД-19“ се зголеми во петокот, на само три дена пред почетокот на првата фаза на олабавување на скоро двомесечниот карантин.

243 лица починаа од „КОВИД-19“ во петокот и 178 во четвртокот, соопшти Министерството за здравство. Има вкупно 26.230 смртни случаи.

Франција е петта земја по број на смртни случаи од коронавирус, зад САД, Велика Британија, Италија и Шпанија.

Бројот на лица во интензивна нега падна за 93, или за три проценти, на вкупно 2.868, што е многу помалку отколку на врвот на епидемијата на 8 април, кога имаше 7.148.

Бројот на хоспитализирани лица се намалува веќе три недели и во моментот има 22.724 лица во болници.

642 нови случаи беа потврдени во петокот, 13 повеќе отколку во четвртокот, со што вкупниот број заразени е 138.421, покажуваат официјалните податоци.

Франција започнува да ги олеснува рестриктивните мерки во понеделник, со тоа и правилата во најризичните области, особено во Париз.

Франција е „пресечена на пола“ според состојбите во јавното здравство.

Во „црвените“ оддели, вклучително и Париз, рестриктивните мерки ќе останат построги.

Четирите зони, парискиот регион, северот, истокот и центарот остануваат црвени зони заради поактивно пренесување на вирусот и поголем притисок врз болничкиот систем.

Франција е подготвена масовно тестира луѓе со симптоми на новиот коронавирус, како и оние кои биле во контакт со позитивни.