Франција: Драстичен пад на бројот на починати во изминативе 24 часа, помалку од 2.000 лица на интензивна нега

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Франција денес се зголеми за 131, што е значително помалку од бројот на загинати претходниот ден, кој изнесуваше 483, соопшти Министерството за здравство.

Со 28.239 смртни случаи, Франција е четврта најпогодена земја во светот по Соединетите држави, Велика Британија и Италија.

Во изјавата на француското Министерство за здравство се вели дека бројот на пациенти во единиците за интензивна нега се намалил за 4,3 проценти на 1.998, објави Ројтерс.

Ова е прв пат од 22 март бројот на пациенти во единиците за интензивна нега да биде под 2.000.

Во исто време, бројот на лица во болниците е 19.015, што е благ пад во однос на вчерашниот ден, кога беше 19.361.