Француската агенција за конкуренција ја казни американската технолошка компанија Гугл со 150 милиони евра за злоупотреба на доминантната позиција на пазарот за рекламирање преку интернет.

Агенцијата го објави ова денеска, наведувајќи дека методите што ги користи платформата Гугл Адс (Google Ads) на Гугл се нетранспарентни и тешки за разбирање и се применуваат на „нееднаков и по случаен начин“ од страна на компанијата.

Француското регулаторно тело исто така нареди Гугл да разјасни како ги користи рекламите и процедурите за суспендирање налог.

Тоа е последно во низата европски казни против Гугл што има многу малку конкуренција за машините за пребарување во Европа.

Гугл соопшти дека ќе ја обжали пресудата.

Слични содржини