Франција го надмина прагот од два милиона потврдени случаи на ковид-19

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Франција во вторникот го надмина прагот од два милиони потврдени случаи на ковид-19 од почетокот на епидемијата, изјави шефот на Француската агенција за јавно здравје, Џером Саломон.

„Вториот бран е силен, смртоносен, вечерва го преминуваме прагот на два милиони луѓе заболени од ковид-19 со потврдени 2.036.755 случаи“, рече Саломон на прес-конференција, односно 45.552 случаи повеќе во последните 24 часа, според податоците на агенцијата за јавно здравство.

„Притисокот врз болниците е се уште силен“, рече Саломон.

Во болниците починаа 437 пациенти во последните 24 часа, а вкупно најмалку 46.273 лица починаа од почетокот на епидемијата, додаде тој.

Слични содржини