Франција и Англија со убедливи победи на стартот на квалификациите за ЕП 2020

од desk4
84 прегледи

Светскиот шампион Франција го започна силно своето учество во квалификациите за ЕП 2020 по победата од 4:1 над Молдавија во натпревар од групата „Х“.

Убав гол на Антоан Гримман (24) го отвори резултатот, а потоа следеа и погодоци на Рафаел Варан (27) Оливие Ѓиру (36) и Килијан Мбапе (87).

За домаќините, Амброс беше прецизен во 89-та минута.

Тренерот на „петлите“, Дидие Дешан се потпре на шема 4-2-3-1, со Жиру во нападот, поддржан од Мбапе, Гризман и Коман.

Рахим Стерлинг, Фото: УЕФА ЕП 2020

Англија пак ги започна квалификациите со импресивна победа, откако на „Вембли“ ја победи Чешка со 5:0 во натпревар од групата „А“.

Херој за домаќините беше Рахим Стерлинг, кој постигна „хет-трик“ за „трите лава“. Прецизен беше и Хари Кејн од пенал, а на крајот Томас Калас ја внесе топката во својата мрежа.

Одличен натпревар одигра младиот Џејдан Санчо, кој асистираше за првиот гол.

По првиот круг, Англија е на чело на табелата со 3 поени, а Бугарија и Црна Гора имаат по 1 поен.

Квалификации за ЕП 2020, 1 коло:

Група „А“:

18:00 часот:

Бугарија – Црна Гора 1:1
0:1 Мугоша (50)
1:1 Неделев (82-пенал)

20:45 часот:

Англија – Чешка 5:0
1:0 Стирлинг (24)
2:0 Кејн (45-пенал)
3:0 Стирлинг (62)
4:0 Стирлинг (68)
5:0 Калас (84-автогол)

Група „Б“:

20:45 часот:

Луксембург – Литванија 2:1
0:1 Чернич (14)
1:1 Мартинс (45)
2:1 Родригез (55)

Португалија – Украина 0:0

Група „X“:

20:45 часот:

Албанија – Турција 0:2
0:1 Јилмаз (21)
0:2 Чалханоолу (55)

Андора – Исланд 0:2
0:1 Сигурдсон (22)
0:2 Кјартансон (80)

Молдавија – Франција 1:4
0:1 Гризман (24)
0:2 Варан (27)
0:3 Жиру (36)
0:4 Мбапе (87)
1:4 Амброс (89).