Франција им дава државјанство на имигрантите во знак на благодарност

од Nikola Popovski
236 прегледи

Стотици имигранти во Франција кои работат на фронтот на борбата против коронавирусот добиваат забрзано државјанство како признание за нивниот придонес. Тоа се луѓе кои имаат поголема опасност од инфекција со коронавирус поради нивната работа, а тоа е особено случај со лекарите и медицинските сестри.

Министерството за внатрешни работи ги покани странците кои помагаат во борбата против Kовид-19 да аплицираат за постапката за забрзано стекнување државјанство.

Досега повеќе од 700 лица добиле државјанство или се поблиску до него, вклучително и здравствени работници, чистачи и продавници.

Тоа се луѓе кои се повеќе изложени на ризик од инфекција со коронавирус поради нивната работа, а тоа е особено случај со лекарите и медицинските сестри.

Франција е меѓу десетте најзагрозени земји од пандемијата, со повеќе од 2,5 милиони заразени и 62 000 починати.

Иницијативата за забрзано стекнување државјанство за првпат беше објавена во септември.

Оттогаш, 74 лица добија француски пасоши, а 693 од нив се во завршна фаза. Вкупно се пријавиле 2.890 лица.

„Здравствени работници, чистачи, воспитувачи … Сите се жртвуваа за оваа нација и сега е време да им се оддолжиме“, изјавила Марлен Скијапа, министерка задолжена за државјанство.

Слични содржини