Франција ќе користи вооружени дронови

од desk2
93 прегледи

Франција во вторник ги откри плановите за користење вооружени дронови, со што им се придружи на многу земји во светот кои оперираат со смртоносните беспилотни летала.

„Решив да почнам со процес на вооружување на нашите разузнавачи и надзор со дронови“, изјави министерот за одбрана Флоренс Парлу, на собирот на регрути и законодавци во јужниот град Тулон.

Франција во моментот оперира со неколку невооружени дронови кои служат за надзор на регионот Сахел во Африка во насока на заштита од џихадисти.

Парли појасни дека планираат да опремат шест дронови со оружје, кои се набавени од САД, а со употреба да почнат во 2019 година.

Дроновите ќе бидат постојана закана за вооружените терористички групи, во регионите каде оперира француската војска, рече таа.

„Одлуката не ги менува правилата за употреба на оружје. Тие ќе останат исти како и за досегашната употреба на дроновите“, рече Парли.

Неколку земји, меѓу кои и Соединетите Американски Држави, Израел, Италија и Велика Британија, веќе имаат оперативни вооружени дронови.

Тоа оружје наголемо се користи во конфликтните региони на Јемен, Сирија и Ирак, како и во Сомалија Авганистан и Пакистан.