
Француската полиција разби неколку мрежи на шверцери кои се обидоа да го искористат недостигот и дополнителна побарувачка за медицинска опрема за време на кризата со коронавирусот и да донесат заштитни маски и други помагала во земјата, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер.
До крајот на април, француската полиција уништи неколку мрежи за шверц, спречи измама во вредност од 32 милиони евра и заплени 438.000 заштитни маски, пренесува Ројтерс.
„Маските станаа посакувана стока и нешто што е украдено или се користи за измама на луѓето“, рече Кастанер.
Тој изјави дека 10 милиони милиони маски за повторна употреба се дистрибуирани на јавните транспортни компании низ цела Франција, кои ќе им бидат дадени на патниците, а ќе бидат обезбедени повеќе од 200 милиони маски.
„Имаме една цел: да се осигураме дека сите во Франција ќе добијат маска“, рече Кастанер.