Франција му заплени вила вредна 110 милиони евра на Абрамович (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Француските власти го ограничија пристапот на рускиот олигарх Роман Абрамович до еден од неговите најскапи имоти.

Сопственикот на Челси остана без својата ексклузивна вила во близина на француската ривиера – Шато де ла Кроа, која е проценета на импресивни 110 милиони евра.

Запленувањето на имот и значителни финансиски средства е резултат на санкциите воведени кон Русија за војната во Украина.

Уникатната вила е изградена во 1926 година и има преку 10 спални соби, осум бањи и огромен базен на покривот. Се наоѓа во шумска област и на метри од морето.

Абрамович го купи луксузниот имот во 2001 година и потроши повеќе од 40 милиони евра за реновирање.

Слични содржини