Франција на нозе: „Макрон, не ги сакаме твоите здравствени дозволи“

од Берта Китинска
248 прегледи

Демонстрантите денеска маршираа низ градовите низ Франција, четврти викенд по ред, осудувајќи ги, како што велат, деспотските правила што ги принудуваат да бидат вакцинирани против „Ковид-19“ против нивната волја и да покажат здравствена дозвола за да можат да имаат пристап до секојдневните активности.

Тие се собраа на улиците во Париз, Ница, Монпелје и други градови, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Не на диктатурата“ и извикуваа „Макрони, не ги сакаме твоите здравствени дозволи “, објави Ројтерс.

Од понеделник, луѓето во Фарнција ќе мора да покажат здравствена дозвола за да јадат во ресторан, да добијат пристап до третман што не е итен во болницата или да патуваат со меѓуградски воз.

Здравствените дозволи се веќе неопходни за одење во базени, музеи и ноќни клубови.Здравствените работници имаат рок до 15 септември да се вакцинираат или ќе бидат суспендирани.

Слични содржини