Франција не планира реципрочен бојкот на турските производи

од Stefanija Kuzmanovska

Франк Ристе, францускиот министер за трговија, изјави дека земјата не планира реципрочен бојкот на турските производи и ќе ги продолжи разговорите со Турција и нејзиниот претседател.

Франк Ристе за радиото „РТЛ“ изјави дека одмаздата не е на дневен ред.

Ристе ја повтори осудата на француските власти за неодамнешните коментари на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган за претседателот Емануел Макрон и неговите постапки кон муслиманите во Франција, пренесе Ројтерс.

Претходно денес, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика своите сонародници да престанат да купуваат француска стока, придружувајќи им се на повиците низ муслиманскиот свет за бојкот на стоки, во знак на протест против сликите на пророкот Мухамед што можат да бидат прикажани во Франција, што муслиманите ги сметаат за богохулство.

Слични содржини