Франција нема да воведе локдаун за невакцинираните

од Nikola Popovski

Франција нема да ги следи европските земји кои воведуваат мерки за изолација за невакцинираните против Ковид-19, поради успешноста на нејзините мерки, како воведување здравствени сертификати во сузбивањето на ширењето на вирусот, изјави претседателот Емануел Макрон.

„Оние земји кои воведуваат локдаун за невакцинираните се оние кои немаат воведено здравствени пропусници. Затоа овој чекор не е неопходен во Франција“, изјави Макрон за „Voa di Nor“ во интервјуто објавено денеска, пренесува Ројтерс.

Некои европски земји, како Австрија, Словачка или Грција, воведоа построги забрани за невакцинираните поради зголемениот број на заразени.

Германија најави дека ќе ги воведе овие ограничувања во регионите каде што има зголемување на бројот на хоспитализации.

Слични содржини