
Денеска посетителите се капеа на француските плажи, но со заштитни маски и без можност за сончање заради коронавирусот.
Плажите се отворени за јавноста за прв пат од средината на март, а за посетителите важат нови правила.
Индивидуални активности како што се пливање, риболов или сурфање се дозволени, но доколку се почитува социјалното растојание, но сончањето или престојот на плажа премногу долго не е.
„Јас сум доста вознемирен. Утринава бевме во можност да пливаме, да уживаме во морето што не сме го виделе скоро два месеци, но не можеме да останеме долго на плажа и нема сончање. Ние сме полуслободни“, рече еден посетител.
Особено беше живо денес на шеталиштето Promenad de Anglez на француската ривиера во Ница.
Луѓето кои живеат во области каде што заразата не беше толку силна, во таканаречените зелени зони, беа во можност да одат на плажа откако Владата ги олесни ограничувањата воведени поради пандемијата. Локалните власти отворија неколку плажи на северот на земјата и во Средоземното Море.
Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер ја посети плажата Veules-Les- Roses во Нормандија каде ја провери ситуацијата.
„Вирусот е сè уште околу нас. Мора да научиме да живееме со него. Може да одиме на риболов, но да не остануваме на плажа со часови. Сите ние треба да бидеме одговорни во борбата против „Ковид-19“, рече Кастанер.
Тој предупреди дека одлуките за отворање на плажите ќе бидат поништени доколку не се следат правилата.