Франција реагира поради сквернавењето на гробот на францускиот генерал Шарл де Гол

од desk3
76 прегледи

Француските политичари реагираат луто и шокирано на сквернавењето  на гробот на поранешноит претседател на Франција и херој од Втората светска војн, Шарл де Гол, пренесоа американските медиуми.

Француските медиуми објавија дека полицијата трага по две лица. Едно од нив било снимено вчера од набљудувачки камери како со клоци го откорнува крстот од врвот на гробот во источното француско село Коломбо ле де Еглиз, каде Де Гол живеел и е погребан. 

Во изјавата претседателот на Франција Емануел Макрон инсистираше штетите на гробот да бидат брзо санирани додавајќи дека Де Гол е “скап спомен за сите Французи”.

Премиерот Едвард Филип  на твитер изрази мачнина и шок и сквернавењето го нарече   “вандалско дело против Франција”.

Десничарската лидерка Марин ле Пен настанот го нарече “презрен”.