Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека се подготвуваат регулативите за ембаргото за увоз на руска нафта на ниво на Европската унија.
Ле Мер изјави за Радио Европа 1 дека потегот го побарал францускиот претседател Емануел Макрон, пренесе Ројтерс.
„Се надевам дека во следните недели ќе ги убедиме нашите европски партнери да престанат да увезуваат руска нафта“, додаде тој.