Франција ги затвори четирите нуклеарни реактори поради екстремната топлина, објави Ле Парисиен.

Radioactive sign vector

Мерката беше донесена од страна на Electricite de France од безбедносни причини.

Се прецизира дека се запрени два енергетски блок во нуклеарната централа во Бјуже, еден во Сент Албан и уште еден во Фесенхајм.

Француските градови  имаат зголемена потрошувачка на енергија поради зголемената употреба на клима уредите.

Во меѓувреме, Дојче Веле пренесе и дека поради високите температури во Германија, товарот на нуклеарната енергија ќе се намали .