Француската амбасадорка во Бугарија: Париз е подготвен да посредува меѓу Софија и Скопје

од Берта Китинска
207 прегледи

Прашањето за проширувањето на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е исклучително важно и како претседавач со ЕУ во првата половина на 2022 година Франција ќе понуди посредување за справување со спорот меѓу Софија и Скопје. Ова за Радио Дарик го изјави француската амбасадорка во Софија, Флоренс Робин.

-Западен Балкан е дел од Европа и прашање на безбедност е да ги вклучиме повеќе во нашите политики, економски развој и размена воопшто. Амбицијата на Франција е да ја потврди својата европска посветеност кон Западен Балкан, а особено кон Северна Македонија и Албанија , рече амбасадорот Робин.

Според неа, навистина важно е стабилноста и одржувањето на добри односи, а „со разбирање и слушање може да се средат работите“.

-Ќе понудиме посредување за справување со споровите, за да ја потврдиме нашата европска определба, кажа Робин.

Слични содржини