„ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ“: Левица со гилотина пред Собрание

од Nikola Popovski
388 прегледи

Вечерва се одржа уште еден протест против францускиот предлог, вкупно десетти. Како и во вчерашниот ден, така и денеска протестот почна од пред зградата на Владата, продолжи пред зградата на МНР, за да заврши на булеварот пред Собранието.

За разлика од претходните денови, денеска беше поставена гилотина од страна на демонстрантите, под која на лист хартија беше испишано „француски предлог“.

Членови и симпатизери на Левица на чело со нивниот лидер и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев се сликаа со гилотината.

-Француски предлог ама на Робеспјер, напиша Апасиев под фотографијата на која е заедно со своите приврзаници.

Покрај гилотината, претходно беше донесена и мисирка пред Собранието.

Присутните на денешниот протест ги повикаа властите да го отфрлат францускиот предлог, кој според нив води кон бугаризација на македонскиот народ.

Слични содржини