Француски центар: Предавање за еднаквоста помеѓу жените и мажите

од desk3
83 прегледи
 Денеска во 19 часот во ЕУ Инфо центарот во Скопје, Францускиот институт организира предавање и дебата на тема “Еднаквоста помеѓу жените и мажите според Советот на Европа”. Предавањето ќе го одржи адвокатката Ан Негр, експерт во Советот на Европа и доктор на науки.Во истите простории ќе биде поставена и изложба на фотографии на Милан Стрезовски, насловена како “30 Портрети на жени кои што се борат за женските права”.