Францускиот амбасадор открива зошто Франција не била толку гласна во однос на бугарската блокада врз С. Македонија

од Nikola Popovski
294 прегледи

Францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер смета дека се зајакнува се повеќе европскиот интерес за да се најде решение, во што е можни пократок рок, одговарајќи на новинарско прашање дали Франција го има истиот поглед во однос на блокадата на Бугарија затоа што Франција за разлика од Германија не беше толку гласна.

Според него, согласни сме дека постои стратешки предизвика во однос на Франција, која можеби не била можеби толку гласна.

„Ќе кажам дека и други институции и земји членки на ЕУ не беа толку гласни, затоа што требаше да бидеме многу ефикасни. Мислам дека сите се свесни дека таа блокада треба да биде тргната колку што е можно побрзо во наредниот период и тоа е нели вештината да гледаме подалеку за да може земјата да го надмине овој ќорсокак и мислам дека времињата сега се сменети, најважно е што постои политичка волја и таа политичка волја јас ја чувствувам за да се стигне до таа цел“, вели за емисијта „Click Plus“ на ТВ21 францускиот амбасадор.

Тој потенцира дека Франција не била во таа област на јавна дипломатија за овој временски период на ЕУ претседателството и затоа за ова прашање е многу важно да се гледа малку подалеку и да се остане со ладна глава.

Слични содржини