Францускиот парламент ги осуди кинеските власти за геноцид врз Ујгурите

од Milan1

Францускиот парламент ги осуди кинеските власти за геноцид врз ујгурското муслиманско население.

Необврзувачката резолуција, која беше усвоена синоќа со 169 гласа „за“ и само еден „против“, беше предложена од опозициските социјалисти во Долниот дом на парламентот, но беше поддржана и од партијата Републиканско движење (ЛРЕМ) на Претседателот Емануел Макрон, пренесува Ројтерс.

Во документот се наведува дека Националното собрание „Oфицијално го признава насилството извршено од Народна Република Кина врз Ујгурите како злосторство против човештвото и геноцид“, јави Танјуг.

Пред почетокот на Зимските олимписки игри во Кина, резолуцијата исто така ја повикува владата да ги заштити жителите Ујгури од какво било заплашување или малтретирање од страна на Кина.

Резолуцијата уследи по сличен потег во ВеликаБританија во април минатата година.

Исто така, холандскиот и канадскиот парламент го нарекоа кинескиот третман врз Ујгурите, геноцид во февруари 2021 година, додека американската влада го стори истото под поранешниот претседател Доналд Трамп.

Активистите за човекови права на ОН велат дека најмалку 1 милион муслимани се приведени во камповите во провинцијата Ксинџијанг, додека Кина негира какви било прекршувања и вели дека нејзините кампови обезбедуваат професионална обука и се потребни за борба против екстремизмот, пренесува Ројтерс.

Слични содржини