Францускиот предлог не го коментираме, сè уште не е усогласен од сите членки, вели Ковачевски

од Берта Китинска
229 прегледи

Прашан за францускиот предлог за одблокирање на македонските евроинтеграции, премиерот Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес-конференција со владините партнери кажа дека нема да го коментира.

„Нормално дека МНР има увид во предлогот и најискусните дипломати и експерти во МНР прават анализа на предложените документи, меѓутоа нема да го коментираме и нема да биде предмет на дискусија затоа што сè уште не е предлогот усогласен од сите 26 земји членки на ЕУ и Франција која го дава предлогот. Го следиме развојот на настаните во бугарскиот парламент и ако таму биде усвоен и кога ќе биде усвоен и доставен официјално со Република Северна Македонија тогаш нормално дека тој ќе биде предмет на анализа во детали и споделен со институциите во државата“, рече Ковачевски.

Слични содржини