Премиерот Димитар Ковачевски го одби францускиот предлог, и постави пет дополнителни услови.
Ковачевски му се заблагодари на францускиот преттседател Емануел Макрон за ангажманот да се најде решение за спорот со Бугарија, но го одби неговиот предлог за започнување на преговорите ако не се уважат пет македонски услови, кажани и пред да замине во Брисел.
Тој побара чиста формулација за македонскиот јазик, гаранции за идентитетот, историските прашања да не се услов во преговарачката рамка, преговорите со ЕУ да почнат пред да влезат Бугарите во Уставот и да ни се дадат гаранции и од ЕУ и од Бугарија дека нема да има натаму нови условувања.
-Губиме драгоцено време, а го немаме на располагање, порача Ковачевски додавајќи дека не може веќе Македонија и Албанија да останат во оваа ситуација заради блокадата на една земја која решила да се врати во минатото. Тој наедно потсети дека Македонија е земја која е претпознатлива по решавање на тешки прашања и дека искрено влегла во преговорите со Бугарија очекувајќи да се засноваат на европски вредности, рече премиерот.
Кирил Петков учествуваше на редовниот состанок на Европскиот совет и на состанокот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. По средбата тој за медиумите изјави:
-Некои од барањата поврзани со францускиот предлог се многу тешки за прифаќање на Република Северна Македонија. Но, она што стана јасно е дека тоа веќе не се само барања на Софија, туку барања на Европа. Односно, ние можевме да објасниме причините зошто овие работи што ги сакаме мора да се случат.
Петков призна дека имало многу тешки разговори, но јасно стави до знаење дека одлуката за укинување на ветото на северна Македонија е на бугарскиот парламент.
-Додека нема одлука на бугарскиот парламент, јас сам, ниту владата нема да го смениме бугарскиот став, ја повтори својата теза Петков.
-Бугарскиот парламент сега мора да расправа и да одлучи за тезата. Тешка задача ќе биде Република Северна Македонија, која ќе мора да ги прифати нашите барања за да продолжи напред, рече премиерот во оставка.
„Во следните часови ќе разговараме со Северна Македонија за да го финализираме договоро“
Многу блиску сме до договор. Направивме предлог, работевме многу блиску заедно. Тоа ни дозволи да ги вметнеме бугарските барања кои се компатибилни со она што може Македонија да направи, но очигледно е прашање на видливост и градење на доверба во наредните неколку часа, кон тоа што е договорено, ќе има гласање во бугарскиот парламент и се потпирам на сите политички чинители во Бугарија да го поддржат ова,кажа францускиот претседател Емануел Макрон на новинарско прашање за коментар на Самиот на ЕУ со Западен Балкан.
-Претседателот на Републиката ќе мора да покаже посветеност тука. Партиите во сегашното владејачко мнозинство, како и тие кои го напуштија, како и тие во опозиција треба да гласаат. Во наредните неколку часа ќе разговараме со Северна Македонија за да го финализираме договорот. Сега се се движи напрeд и се надевам дека следната недела ќе имаме состаноци со кој процесот би отишол напред, Македонија и Албанија би тргнале напред, изјави Макрон.