Францускиот предлог во Скопје ќе се разгледа кога ќе биде усогласен од сите членки

од Берта Китинска
214 прегледи

Македонската Влада останува на ставот за официјален коментар на францускиот предлог.

Премиерот Димитар Ковачевски, исто како и министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера порача дека нема да го коментира францускиот предлог и истакна дека тој нема да биде предмет на дискусија затоа што сè уште не е усогласен од страна на сите 26 земји членки на ЕУ. МНР има увид во предлогот и најискусните дипломати, како што информира премиерот, прават анализи, а се следи и развојот на настаните во Собранието на Република Бугарија.

– Доколку таму овој предлог биде усвоен, и кога ќе биде усвоен и кога ќе биде доставен официјално до Република Северна Македонија, тогаш нормално дека тој ќе биде предмет на анализа во детали и споделен со институциите во државата согласно со нашите одредби во законското уредување, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, по средбата со коалициските партнери.

Иванов: нашата партија ќе го поддржи францускиот предлог

Лидерот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, кој е еден од коалициските партнери на бугарскиот премиер Кирил Петков, смета дека францускиот предлог за решение на спорот помеѓу Софија и Скопје и преговарачката рамка, е исклучително добар за неговата земја.

Во утринската емисија „Разбуди се“ на Нова ТВ тој најави дека пратениците од неговата партија ќе го поддржат предлогот доколку дојде до расправа и гласање на пленарна седница во бугарското Собрание.

-Покрај владината криза, онаа со владејачкото мнозинство, Бугарија е и пред многу важна одлука поврзана со Република Македонија. Ова не е важно само за Македонија, туку и за нас, но ќе пропаднеме, ќе долее бензин на огнот“ вели Иванов коментирајќи за сценариото доколку Бугарија не го прифати предлого
Втор предлог, вели тој, не се знае кога ќе има, и предупредува дека Бугарија е спремна да го фрли во ѓубре францускиот поради тоа што се наоѓа во домашна политичка криза.
„Конечно го добивме резултатот од посредничкиот напор што го правеше Франција. Многу внимателно го прочитав предлогот. Разговарав и со многу авторитетни дипломати од различни политички сили. Општо мислење е дека ова е многу добар предлог за Бугарија. Сакам сите да ме слушнат – ова е исклучително добар предлог за Бугарија, кој ние сме подготвени да го фрлиме во ѓубре бидејќи во моментов сме во домашен скандал, вели Иванов.

Бугарското МНР се правда

Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија попладнево објави став за францускиот предлог за преговарачката рамка за Северна Македонија и заклучоците на Советот на ЕУ.
МНР, на чие чело е министерката во оставка, Теодора Генчовска, од партијата Има таков народ која излезе од владата, се бара Комисијата за надворешна политика во бугарскиот парламент да закаже седница на која ќе се разгледаат предлог-документите од Франција. Исто така, се вели и оти без нивен и став од бугарската влада, тие имаат мандат само да се придржуваат до претходно утврдените бугарски позиции.

-Би било целисходно Комисијата веднаш да свика седница со учество на МНР, да се разговара за сите достапни документи, да се формулира консолидирана бугарска позиција и да се утврдат следните чекори на бугарската дипломатија. Би било оптимално ако владата уште претходно го изнесе својот став за ова важно прашање за земјата. Доколку тоа не се случи, МНР има мандат само да се придржува до Рамковната позиција, Декларацијата од Народното собрание од 2019 година и заклучоците од Советодавниот совет за национална безбедност од 2022 година, на кои предложената нацрт-преговарачка рамка не соодветствува целосно,пишува во соопштението од бугарското МНР.

Во соопштението се посочува и дека во оваа фаза нема објективна можност до крајот на француското претседателство да се исполнат краткорочните критериуми рамковната позиција на бугарската влада.

-Можно е до крајот (на француското претседателство) да има јасност за следните чекори во процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија со сите потребни гаранции за бугарските интереси и правата на Бугарите во соседната земја,пишува во соопштението.

Слични содржини