Францускиот премиер: ЕУ е загрозена од распаѓање

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Мануел Валс стравува од распад на Унијата.

 

5120152

Постоечките кризи можат да доведат до распадот на Европската унија, призна францускиот премиер Мануел Валс во обраќање пред Националното собрание. “Денес може да констатираме дека Европската унија се покажа на крстопат, а така може да избере  и погрешен пат и дури целосно да престане да постои во историјата на континентот”, истакна премиерот пред пратениците.

Мануел Валс  истакна дека ова се случува како резултат на “терористичката закана, миграција криза, тензиите внатре во самата ЕУ меѓу старите земји на заедницата и земјите од Источна Европа, а исто така меѓу земјите од Северот и Југот”.

“Неопходно е да се даде моќен импулс на иницијативата за регулирање на кризите”, убеден е францускиот премиер, кој додаде дека во овој поглед веќе се прават некои  сепак мали работи. / ТАСС