Францускиот премиер се вакцинираше со „АстраЗенека“

од Vladimir Zorba

Францускиот премиер Жан Кастекс денес ја прими првата доза на вакцина против вирусот од „АстраЗенека“, со намера да ги убеди Французите во вакцината по краткото повлекување.

„Не чувствував ништо, иако сум чувствителен на болка“, рече 55-годишниот Кастекс, кој ја прими вакцината во воената болница во близина на Париз, два часа откако француските санитарни власти одобрија повторна употреба на вакцината „АстраЗенека“.

Кастекс го исполни ветувањето дадено пред неколку дена. Тој рече дека ќе ја прими вакцината „АстраЗенека“ доколку санитарните власти повторно ја одобрат нејзината употреба.

Франција, како и неколку други европски земји, привремено ја прекинаа употребата на шведско-британската вакцина бидејќи се пријавени случаи со сериозни несакани ефекти.

Европската агенција за лекови ја одобри вакцината во четвртокот, наведувајќи дека е безбедна и ефикасна.

Слични содржини