225
Францускиот суд во жалбената постапка ја потврди, но и ја скрати затворската казна што понискиот суд му ја изрече на поранешниот конзервативен премиер Франсоа Фијон за проневера на пари од буџетот.
Скандалот кој изби поради проневера на народни пари ја уништи неговата кандидатура за претседател на Франција во 2017 година, потсетуваат француските медиуми.
AFP news објавија дека Фијон е осуден на четири години затвор, три условно, пренесува „Ројтерс“.