Французинка на105-годишна возраст го победи коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska
349 прегледи

Корисничката на пензионерски дом на француските Алпи, Леа Лави, која го прослави својот 105-ти роденден на 10 декември, се опорави од поблага форма на ковида-19 оваа есен, изјави во вторникот директорот на институцијата, потврдувајќи ја веста објавена во локалниот весник Le Dauphiné Libéré.

„Ние го прославивме нејзиниот роденден соодветно и во согласност со околностите во друштво на нејзината ќерка“, изјави за AFP Стефан Ричард, директор на пензионерскиот дом Fondation du Parmelan во Анеси.

„Морам да признаам дека малку се исплашив кога се разболев“, изјави Леа Лави за еден локалниот весник.

Имено, вториот бран на ковид-19 го погодил пензионерскиот дом во кој живее Леа последните неколку месеци.

„Заболеа 109 од вкупно 185 наши корисници, или скоро 60 проценти, а дури 33 од нив за жал починаа од последиците на болеста“, рече Стефан Ричард.