Фрчкоска: Изјавата на Русковска за судиите од Апелација е недозволена

од Aleksandar Todeski
412 прегледи

Изјавата на обвинителката Вилма Рускосвка дека ќе ги гони судиите од Апелацискиот суд кои вчера и одредија куќен притвор на поранешната Специјална јавна обвинителка Катица Јанева, според адвокатката Ирена Фрчкоска е непримерна, недозволена и еден вид на притисок врз судиите.

„Останавме зачудени од ваквата реакција и сметаме дека е непримерна, недозволена и еден вид на притисок врз судиите, особено што испраќа лоша порака кон сите судии дека отворањето на финансиска истрага имплицира некаква можна корумпираност, што сметам дека е апсолутно недозволиво и ги оневозможува судиите објективно и непристрастно да ги носат своите одлуки. Од друга страна исто зачудува изјавата и од аспект дека, тоа исто, обвинителство даде согласност Горан Милевски да биде пуштен во куќен притвор под нејасни околоности“, изјави Ирена Фрчкоска, адвокатка на Катица Јанева.

Според адвокатката, одлука за определување куќен притвор е апсолутно законска и се базира на факти.

„Гаранцијата не е прифатена, прифатен е предлогот за определување на куќен притвор, а изречени се и мерки забрана за комуникација со лица опфатени во кривично правниот настан, како и употреба на средства за комуникации. Како одбрана сметаме дека оваа одлука е апсолутно законска и се базира на факти, особено што притворот на Јанева траеше предолго, до вчера цели 92 дена“, рече Фрчкоска.

Слични содржини