Нашиот Устав е краток и толкувањата се оставаат на Уставниот суд кој го адаптира на реалноста. Некои сегашни измени се погрешни, вели проф. д-р Љубомир Фрчкоски кој е еден од творците на Уставот на Северна Македонија.
-Идејата дека корупцијата во судството ќе ја решите преку Устав е погрешна. Не е до изборот на моделот туку до изборот на извршната власт дали ќе применува политичка култура да не влијае врз судството. Кај Обвинителството амандманот е репресивен, оти сега имаме луѓе кои бескрајно лежат во притвор оти Обвинителство не може да состави обвинение за шест месеци, вели Фрчкоски во Утрински Брифинг.
Фрчкоски не смета дека е проблем Бугарите во Македонија да бидат вметнати во преамбулата на Уставот.
-Преамбулата не е оперативен дел туку историска меморија. Така што не е проблем да се прошири со додавање на Бугарите. Така Бугарите прифаќаат дека постои бугарско малцинство во Македонија кое е различно од Македонците. При влез во ЕУ се отвора и член 118 кој се однесува на меѓународните договори кои тогаш директно ќе се применуваат без посредство на извршната власт и дел од суверенитетот го префрламе во ЕУ,објасни Фрчкоски.