Универзитетскиот професор и поранешен министер, Љубомир Фрчкоски смета дека генерално правило во демократијата е кризата и блокадите да се разрешат со избори.
-Нашава состојба има две опции – или владиното мнозинство да се обнови што во периодов се случува или да се оди на некакви избори. Опцијата дека опозицијата може со прегрупирање да направи влада не е легитимна, бидејќи не можете од резултатите од локални избри да направите национална влада. Тоа ќе биде мртвороденче од старт. Го чуствуваат тоа и тие, вели Фрчкоски во емисијата „Студио 10“.
Според него, и во случај да не успее интерпелацијата на владата во четврток, Заев ќе ја активира оставката.
-Нема да ја заборави. Веројатно ќе имаме нов премиер, но со владино мнозинство кое ја поддржува оваа влада и тоа ќе се гласа и е реална опција, потенцира Фрчкоски.