350
Професорот Љубомир Фрчкоски е предложен за македонски амбасадор во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Ова денеска одговарајќи на новинарско прашање го потврди претседателот на Собранието Талат Џафери.
„ За Љубомир Фрчкоски доставен е предлог од МНР.Во соодветна процедура министерството ги достави тезите на кандидатот и истите веднаш се доставени до претседателот на комисијата за надворешни работи но досега не е свикана седницата, кажа Џафери.