Фрчкоски: Преспанскиот и Договорот за добрососедство се одлични, не можат Иванов и Црвенковски да негираат

од Nikola Popovski
256 прегледи

Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство се одлични, не можат да кажат дека се лоши и тоа да опстане, смета професорот и поранешен министер, Љубомир Фрчкоски за изјавите на поранешните македонските претседатели Ѓорѓе Иванов и Бранко Црвенковски дека Договорот за добрососедство со Бугарија не ѝ одговара на земјава.

Според него, тие можат само да повторуваат такви работи.

-Сега со Бугарија ќе заврши работата и многу ми е интересна таа техника како се палат, како ги тестираат. Потоа оди една политичка машина за перење. Ќе ги пуштат сите опции, можни и неможни, во кои се палат расправиите. Тука стануваат националистите со нивните мислења, посочува Фрчкоски.

Црвенковски, во својот говор во МАНУ полн со критики, меѓу другото рече дека Договорот со Бугарија, не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен.

Иванов ги критикуваше договорите потпишани со Бугарија и Грција.

-Македонската интелигенција јасно кажа кога почна обезличувањето на татковината, обезличувањето на Македонија. Тоа не е дело само на грчкиот договор од Преспа и договорот со Бугарија. Тој процес смислено почна да се реализира на десетгодишнината од македонската државност. Почна со Охридскиот договор, оцени поранешниот претседател Ѓорге Иванов, според кого ова е за земјава можеби најопасното време по Втората светска војна. Актуелната власт се пазари со оние кои го оспоруваат нашето постоење и самоопределување, изјави Иванов.

Слични содржини