Владејачката коалиција има став дека неколку закони мора да се донесат до распуштање на Собранието. Тоа е добар став, издржан. Легитимно е барањето со поддршка од меѓународната заедница. Тоа ќе го тераат до крај и мислам дека ќе го завршат. СДСМ го дисплинираше ДУИ на еден неверојатен начин. Претходно неможеа Џафери да го добијат на телефон да закаже седница. Се појави сомнеж дека намерно го одложуваат гласањето за законот за ЈО, изјави универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски.
-СДСМ се собраа, проектираа ново мнозинство, излегоа со теза доколку не се изгласа Законот за ЈО, ќе одат со ново мнозинство и дека ќе одат на редовни избори. Во тој момент се случи преврат во ДУИ, веднаш ги мобилизираа пратениците. Така и треба, и потоа коалицијата функционира. Тој став на СДСМ позитивно ме изненади. Сметам дека ќе ги добијат изборите и ќе добијат уште еден мандат, вели Фрчкоски.