Фрчкоски: Владата е силна, но не владее – Трамп ги прескокна и отиде во Бугарија

од Nikola Popovski
686 прегледи

Политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ се луѓе кои ги мразат своите политички противници и ги третираат како непријатели, посебно оние чие постоење им сугерира дека е возможна една друга нормална, поинтелектуална и поодговорна Македонија. Во таа смисла секогаш тргнуваат на елиминација од јавниот простор на таквите луѓе, особено оние кои сметаат дека имаат посебно влијание. Јас ја имам таа чест да бидам во тој круг. Ова е четврта тура на кривични пријави кои јас ги трпам од 1998 година па наваму, на сите вмровски гарнитури, изјави екс-амбасадорот Љубомир Фрчкоски откако пред четири дена Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против него за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување.

Фрчкоски истакна дека, за разлика од власта, тој не се заканува со Обвинителството, „туку се занимава со нив како опција која не е опција за Македонија и тоа се гледа јавно“.

-Имаат еден парадокс – тоа е силна Влада која не владее. Ништо не прави. Не знае да владее. Практично се стои, државата нема пари, половина од кредитот на Орбан го потрошија за буџетски расходи, не врти ништо, а се моќни. Моќта ги блокира. Ништо не прават околу надворешната политика. Таа трампистичка илузија дека ќе им помогне во контекстот со Бугарија, излезе дека Трамп ги прескокна со еленски сок и отиде во Бугарија. Сега купуваат таму, целата таа врска на Рубио со Бугарија е очигледна, па врската на Кушнер со Србија. Ние сме островот, тотално сами. Немаат никаков план како понатаму, рече меѓу другото Фрчкоски за работата на Владата во емисијата „Политиканти“.

Во кривичната на МВР стои дека Фрчкоски, како амбасадор во Обединетите нации во Њујорк во периодот од април 2022 година до октомври 2024 година, не ја префрлил целата сума од продажба на сукцесиски објект на СФРЈ во Њујорк на сметката на државниот буџет и остатокот од средствата, како што велат од полицијата, незаконски и ненаменски ги потрошил.

Слични содржини