258
Професорот Љубомир Фрчкоски во разговор со ТВ 24 порачува дека Владата може слично како Полска со законска уредба да земат 1/3 од профитот на банките и да го поделат во фондовите за борбата против пандемијата со коронавирусот.
– Но тие не го прават тоа,тие се шокирани од нив. Не знам во какви врски се, колку зависат од нив, иако политичките елити, односно менаџерските елити ако на тоа се спротистават, на нив треба да ги применат казнените мерки на КЗ за борба против пандемијата. А не на оние луѓе што ги бркаат,што ќе излезат од 9:10 часот и ќе даваат реферати дека го фатиле и дека 5.000 евра го казниле, вели професорот.