Фрчкоски: Власта е платена за да ги регулира цените, а не за да поддржува бојкот на маркетите

од Nikola Popovski
62 прегледи

За мала земја, надворешната политика е 70% од политиката. Се правите преку неа, дури и кредитот од Орбан е надворешна политика. Немам намери да се расправам со нив. Тие имаат проблем, сепак, јас сум се она што „вмровците“ не се. Тоа е прашање на моќ. Тие не можат да одговорат како овој остана и не му можете ништо и јас тоа го разбирам и се повлеков, изјави вчера екс-амбасадорот и постојан претставник на Македонија во ООН, Љубомир Фрчкоски за неговата оставка од функцијата.

Во емисијата „Само интервју“, Фрчкоски беше запрашан и за бојкотот на маркетите и поддршката што ја даде Владата кон граѓаните.

-Беше смешно ова што се солидаризираа со бојкотот. Не на тој начин, власта не функционира на тој начин. Власта функционира преку регулација на проблемот, имаат инструменти за да ги регулираат цените, за тоа се платени, а не се платени за да поддржуваат граѓански движења, истакна Фрчкоски.

Околу проблемот со Бугарија и блокираниот европски пат, поранешниот министер вели дека „треба да имаме нерви и трпение и да не плачеме“.

-Кој ќе ни даде гаранција? Нема потреба да плачеме. Секоја земја што е членка на ЕУ може да стави вето во секој момент на било кое прашање. Никој тоа не може да го спречи. Треба да веруваме на себе и својот памет, објасни Фрчкоски.

Слични содржини