Фрчкоски: Враќањето на Груби како чаршав покрива многу теми од кои ДПМНЕ бега

Тој додаде дека во блиска иднина ќе дознаеме која е придобивката за ДУИ од овој договор со ВМРО - ДПМНЕ

од Кристијан Димков
12 прегледи

Ние(СДСМ) сме убедени дека враќањето на Груби е како резултат на некаков договор, Груби „избега“ во многу сомнителни околности од државава за што беа обвинети обични службеници додека на граница беше пречекан со фанфари како на свадба во 6 часот наутро и проследено од страна на медиумите блиски до власта и изјави на владеачката партија, изјави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски на вчерашната дебата во „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

„Враќањето на Груби како чаршав покрива многу теми од коишто ДПМНЕ бега целиот овој период: Одбивањето да се зголеми минималната плата, скандалот со 5те тони марихуана кои немаат никаква разрешница, огромен број на тендери и криминали кои СДСМ ги објавува“, изјави Фрчковски.

Тој додаде дека во блиска иднина ќе дознаеме која е придобивката за ДУИ од овој договор со ВМРО – ДПМНЕ.

Слични содржини